СРБИЈА СЕ НАКОСТРЕШИ Хрватска ќе изработува евро-монети со ликот на Никола Тесла
Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр.
На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент.
– Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска. Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица – рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на почетокот на седницата.
На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро – куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата.
Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр.
Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети.
За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја.
Оваа информација предизвика бура реакции во Србија, а српските медиуми буквално „бомбардираат“ со наслови дека Хрватска ќе изработува монети со ликот на српскиот научник.