СРБИЈА ПРЕГОВАРА ЗА УШТЕ РУСКА НАФТА Ќе спречиме изживување над нашата земја
Вучиќ изјави дека Србија ќе преземе дополнителни мерки за обезбедување нафта и нафтени деривати и дека разговара „со нашите руски партнери“ за да ја спречи можноста за „изживување над Србија бидејќи мнозински сопственик на Нафтената индустрија на Србија (НИС) е руска компанија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на утрешната седница на Советот за национална безбедност ќе се разговара за ефектите од војната во Украина, како и за сето она што се случува во Европа и светот, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ изјави дека Србија ќе преземе дополнителни мерки за обезбедување нафта и нафтени деривати и дека разговара „со нашите руски партнери“ за да ја спречи можноста за „изживување над Србија бидејќи мнозински сопственик на Нафтената индустрија на Србија (НИС) е руска компанија.
– Гледаме како тоа да го надминеме, да не навредуваме никого, да не повредиме некого, а морaме да ја обезбедиме иднината за Србија и да обезбедиме безбедност за секој човек и секое дете – изјави Вучиќ на денешниот предизборен митинг.
Тој ги повика сите во Србија, па дури и оние кои, како што наведе, го кажуваат најлошото за него, да бидат единствени и да бидат со Србија и нејзините сограѓани.
Вучиќ им порача и дека можат да очекуваат „сешто“.
– Денес владата на Црна Гора, што не го направи ниту владата на Мило Ѓукановиќ, го забрани гласањето за нашите избори во Беране, Суторморе и Никшиќ – кажа тој.
Вучиќ додаде дека „Владата на Курти (премиерот на Косово, Албин Курти) побарала од Србија да ја признае независноста на Косово за да се организираат (српските) избори таму.
– Тие ќе го добијат нашиот одговор утре, а овде на северот на Србија, добро знаете каков одговор ќе добијат – ќе добијат одговор на одговорни и сериозни луѓе, но овојпат тоа ќе има далекусежни последици – кажа Вучиќ