Србија повторно на нозе, протести во неколку градови (ВИДЕО)

Во еден момент до нив се приближиле припадниците на полицијата, но за кратко се повлекле.

218

Неколку десетици припадници на десничарски организации се собраа вечерва пред српскиот Парламент, и покрај сериозната епидемиолошка ситуација во Белград и мерките за забрана на организирани собири на повеќе од десет луѓе на отворен простор.

Демонстрантите се седнати пред заштитната ограда, која е поставена пред Собранието, и на неа е поставен транспарент на кој пишува „Косово е Србија“, „Нема поделба, нема предавство“ и „Крим е Русија“.






Во еден момент до нив се приближиле припадниците на полицијата, но за кратко се повлекле.

На собирот бил присутен и членот на партијата Двери, Срѓан Ного кој е уапсен уште на самиот почеток на протестите. Тој им дофрлал на полицајците, по што бил уапсен од цивилна полиција и однесен во правец на Собранието. Ного се спротивставил на апсењето.

Полицијата е распоредена околу Парламентот и на блиските улици.

Поврзани содржини