СРБИЈА ПОВЛЕЧЕ МАШИНА ЗА СУШЕЊЕ АЛИШТА ПОРАДИ МОЖНОСТ ОД ПОЖАР Дали двете серии на производот се продавани во Македонија?
Повлечени се моделите DH5S102BB и DH5S102BW со инвертер мотор, 14 програми, капацитет на сушење: 1-10 кг, гас R290, 64 dB, нето тежина на уредот: 54 кг; димензии на уредот: 59,5 × 84,5 × 64 см, капацитет на барабанот: 125 л; период на производство: ноември 2024 година, серија: D702Q и D702P.
Машината за сушење алишта од марката Hisense се повлекува од српскиот пазар, соопшти тамошното Министерството за внатрешна и надворешна трговија (NEPRO), а како причина е наведена можноста за оштетување на жиците на компресорот поради контакт со помошното тркало на барабанот.
„Жиците на компресорот на овие модели на машини за сушење алишта Hisense може да се оштетат од контакт со помошното тркало на барабанот, што може да доведе до прегревање и потенцијална опасност од пожар“, се вели во соопштението.
Повлечени се моделите DH5S102BB и DH5S102BW со инвертер мотор, 14 програми, капацитет на сушење: 1-10 кг, гас R290, 64 dB, нето тежина на уредот: 54 кг; димензии на уредот: 59,5 × 84,5 × 64 см, капацитет на барабанот: 125 л; период на производство: ноември 2024 година, серија: D702Q и D702P.
Земја на потекло е Кина.