Србија почна преговори за производство на руската вакцина „Спутник V“
Благодарение на претседателот Вучиќ, руската страна веднаш одговори на нашата молба руската вакцина „Спутник V“ да се произведува во Србија и од највисоко ниво во рускиот државен врв наредено е да се изнајде начин како да воспоставиме производство на таа вакцина во Србија во нјакус можен рок – вели Поповиќ
Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ денеска ги посетил производствените капацитети на најголемиот руски произведувач на вакцината „Спутник V“, информира Б92.
Тој порачал дека се почнати разговори за производство на таа вакцина на територијата на Србија.
Поповиќ со експерти од Институтот „Торлак“ и со Министерството за здравство одджал состанок со генералниот директор на организацијата Генериум, Данило Талјански, кој ја потврдил подготвеноста на руската страна да изврши трансфер на технологијата и да помогне во обука на српски кадри за производство на руската вакцина против коронавирусот во Србија.
Поповиќ истакнал дека тоа е уште еден доказ за пријателските односи на Србија и Русија, но и дека е доказ на големиот авторитет и почитување кое српскиот претседател Александар Вучиќ го ужива во Русија.
– Благодарение на претседателот Вучиќ, руската страна веднаш одговори на нашата молба руската вакцина „Спутник V“ да се произведува во Србија и од највисоко ниво во рускиот државен врв наредено е да се изнајде начин како да воспоставиме производство на таа вакцина во Србија во нјакус можен рок – вели Поповиќ во соопштението на Министерството за иновации.