СРБИЈА ОД УТРЕ ЗАБРАНУВА ИЗВОЗ НА БРАШНО, ПЧЕНИЦА, ПЧЕНКА И МАСЛО Дали Вучиќ ќе го одржи зборот дека за земјава ќе има 50.000 тони пченица?

Зборувајќи за состојбата со пченицата и пченката, Вучиќ рече дека чека да види дали Русија ќе го забрани извозот на тие две жита.

760

Србија од утре  го запира извозот на брашно, пченка, масло и пченица, изјави вчера српскиот  претседател Александар Вучиќ.

Зборувајќи за состојбата со пченицата и пченката, Вучиќ рече дека чека да види дали Русија ќе го забрани извозот на тие две жита.






– Единствените места на кои имаме предност се пченицата и пченката. Во претходните два дена извозот на пченица и брашно толку скокна што мораме да го забраниме – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот.

– Не заборавајте дека ова ни се надоврзува на короната, луѓе умираат, никој веќе не зборува за тоа, бидејќи целиот свет се руши покрај нас – рече тој.

Тој во емисијата Фокус на Б92 истакна дека ќе имаат доволно за себе и за регионот, но дека се што се случува во светот изгледа како крај на светот во економска смисла и толку поразително што нема лек за тоа.

 

Поврзани содржини