СРБИЈА ОЧЕКУВА ДА ПРИВЛЕЧЕ ОГРОМНА РАБОТНА СИЛА ОД МАКЕДОНИЈА И ОД АЛБАНИЈА Нашите власти дури утре ќе кажат како ќе се аплицира за работа во Отворен Балкан

Денеска српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали и на Бизнис форумот Копаоник потсети дека од утре почнува аплицирањето за отворениот пазар на труд  и рече дека очекувањата на Србија се дека ќе има најголеми придобивки од тоа.

3,130

Србија веќе на големо пропагира дека од утре официјално ќе профункционира имплементацијата на системот за заедничките работни дозволи меѓу земјава, Србија и Албанија и дека очекува да има најголеми придобивки од отворениот пазар на труд. Објавен е начинот на кој ќе се реализираат активностите и се очекува добар дел од работните места кои се бараат во Србија да бидат пополнети со работници од земјава и од Албанија. Кај нас освен штури информации дека сѐ е подготвено за започнување на постапката, се најавува само дека утре на посебна прес-конференција ќе се соопштат деталите и ќе се презентираат линковите на кои граѓаните ќе можат да аплицираат.

– Институциите се целосно подготвени за имплементација на Услугата за пристап до пазарот на труд. Официјална информација за начините на користење на мерката ќе биде објавена до медиумите и јавноста во вторник, 5 март. Сите линкови и објаснувања ќе бидат јавно поставени на Националниот портал за електронски услуги. Накратко, заинтересираните лица откако ќе извадат идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID) поднесуваат барање за слободен пристап до пазарот на труд. Одговор ќе добијат во рок од 30 дена. Очекуваме да има интерес, свесни за заинтересираноста на приватниот сектор за оваа мерка – ни изјавија од владата каде што побаравме линкови и објаснување како заинтересираните граѓани ќе треба на наједноставен начин да се пријават за да добијат работа во Србија или во Албанија.






Денеска српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали и на Бизнис форумот Копаоник потсети дека од утре почнува аплицирањето за отворениот пазар на труд и рече дека очекувањата на Србија се дека ќе има најголеми придобивки од тоа.

– Имајќи го предвид нивото на платите, нивото на развој и нивото на БДП, нескромно очекуваме дека најголемиот број луѓе ќе го најдат своето решение и желба да работат во Србија – рече Мали.

За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на Отворен Балкан што ќе го креираат електронски.

Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.

Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Северна Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан преку нивниот национален портал за електронска управа.

Поврзани содржини