СРБИЈА НЕ САКА КОНФЛИКТ НА КОСОВО Вучиќ по средбата со Столтенберг во Брисел

Нашата историја не е лесна, но сакаме да ја зајакнеме соработката со КФОР и НАТО и да избегнеме ескалација на конфликтот – рече Вучиќ.

70

Не мислиме дека сме предизвикале некаква провокација, но јас разбирам дека ние од Балканот сме им преку глава на сите во Брисел – изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел.

На заедничката прес конференција Столтенберг рече дека „конструктивниот дијалог е единствениот начин за решавање на тензиите на Косово“.






– Ги повикувам сите страни да покажат воздржаност и да избегнуваат насилство – рече шефот на НАТО.

Вучиќ изјави дека за Србија е важна улогата на КФОР, која тој ја почитува, и улогата на НАТО исто така.

– Веруваме дека секогаш ќе можеме да најдеме разбирање меѓу Столтенберг и НАТО за да обезбедиме мир и стабилност. Не сакам да ја префрлам вината на никого. Сакаме да избегнеме каква било можност за ескалација или конфликт – рече Вучиќ.

Во одговор на новинарски прашања, тој посочи дека српската војска и полиција „никогаш не ја преминале административната линија“.

– Поднесов список со сите напади врз Србите. Благодарен сум на НАТО што не излезе со такви невистини, за разлика од некои други – рече Вучиќ.

Српскиот претседател уште еднаш повтори дека неговата земја ќе остане воено неутрална.

– Србија е воено неутрална земја и така ќе остане. Нашата историја не е лесна, но сакаме да ја зајакнеме соработката со КФОР и НАТО и да избегнеме ескалација на конфликтот. Не мислиме дека сме предизвикале некаква провокација, но јас разбирам дека ние од Балканот сме им преку глава на сите во Брисел – рече Вучиќ.

Тој рече дека Србија во Косово се во многу тешка позиција за тоа.

– Многу е тешко кога си во ќош и немаш каде друго да одиш, тоа му реков на Јенс. Не очекувајте Србите да уживаат и да кажат колку им е убаво. Има нова генерација Срби кои нема да толерираат терор. Тие не го доживуваат Косово како независна територија, туку како територија на Србија и тоа нема да го толерираат – рече Вучиќ.

Поврзани содржини