СРБИЈА НЕ Е ОПАСНОСТ ЗА ЗЕМЈИТЕ ВО РЕГИОНОТ, АМА ЌЕ СЕ БРАНИ Вучиќ најави дека државата ќе ги намали акцизите за нафтените деривати
Денеска ќе ја намалиме акцизата за уште 40 проценти, кумулативно за околу 61 процент. Речиси ќе се откажеме од нашите државни приходи, за да ја задржиме оваа цена, рече претседателот на Србиј, Александар Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност, посветена на енергетската криза поради војната на Блискиот Исток.
Сите земји во регионот треба да знаат дека не се загрозени од никаква опасност од Србија, ниту ќе бидат, но Србија ќе се брани, рече денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Прашан за коментарите во Хрватска поради хиперсоничните ракети што ги поседува Србија, Вучиќ на прес-конференција рече дека поранешниот хрватски министер за одбрана Анте Котромановиќ велел дека ќе го „почастат“ Белград со ракети ХИМАРС и дека „кога ќе го чуете тоа, сè е во ред, но ова е навика од минатото“.
– Ние ќе го чуваме мирот, а вие се фалете се колку сте храбри – рече Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност, посветена на енергетската криза поради војната на Блискиот Исток.
Вучиќ изјави дека државата речиси ќе се откаже од своите приходи од акцизи на нафтените деривати.
– Денеска ќе ја намалиме акцизата за уште 40 проценти, кумулативно за околу 61 процент. Речиси ќе се откажеме од нашите државни приходи, за да ја задржиме оваа цена. И ќе ја задржиме во наредните недели. Освен ако не достигне 200 долари за барел. Тогаш не знам. Ќе бараме решение – рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека двете фундаментални цели на државните мерки се целосна понуда и цени под контрола.
– За да ги постигнеме тие две основни цели, нашите мерки се следниве. Прво, ќе ги намалиме акцизите. Годишно собираме 2 милијарди евра од акцизи, а тоа е нашиот најголем приход од акцизи – финансираме училишта, патишта и од тоа исплаќаме плати – рече тој.
Претседателот на Србија, имајќи ги предвид тензиите и ситуацијата во светот, рече дека „не само на краток рок, туку и за неколку месеци, ќе мора да се донесат многу болни мерки за државата“ и додаде дека ќе се погрижи тие да не бидат болни мерки и за граѓаните.
Освен претседателот Вучиќ, на седницата присуствуваа и сите релевантни членови поврзани со енергетскиот сектор.
Додаде дека намалувањето на акцизата не може да биде единствената мерка, и затоа на пазарот се пласираат 40.000 тони дизел од државните резерви.