Српската Вицепремиерка, Зорана Михајловиќ, оцени денес дека со укинувањето на вонредната состојба и забраната за слобода на движење заврши првата, најтешка фаза од борбата против ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.
– Од денес, влегуваме во нова фаза од борбата против КОВИД-19, а тоа е живот со вирусот. Вонредната состојба е укината, полицијата час е укинат, но борбата против вирусот не е завршена. Од времето на наредби преминуваме на време на препораки и наместо апели да останем дома, сега апелирам до сите граѓани да останат одговорни! Да се придржуваат кон мерките за заштита препорачани од стручњаците, бидејќи така ќе се заштитат себеси и другите. Сега целата одговорност е на нас – порача Михајловиќ во соопштението од нејзинито кабинет.
Вицепремиерката додаде дека е време граѓаните да се вратат на своите работни места за да ја вратат економијата и дека на своите работни места мора да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита.
– Затоа што тоа е најдобриот начин да продолжиме да им помагаме на нашите лекари, медицински сестри и целиот здравствен систем да ги спасат животите на граѓаните – порача Михајловиќ