СРБИЈА КУПУВА СУПЕРКОМПЈУТЕР ОД ФРАНЦУЗИТЕ Вучиќ и Макрон разговарале за сите стратешки прашања

На 15 декември Србија ќе го потпише конечниот комерцијален договор за изградба на првата метро линија со француската компанија Алстом. За две и пол години ќе ја имаме првата метро линија... Белград конечно ќе добие метро, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

534

 

Односите меѓу Србија и Франција се посилни од кога било во историјата и убеден сум дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива, објави синоќа претседателот на Србија, Александар Вучиќ на социјалните мрежи, по вечерата со претседателот на Франција Емануел Макрон во Париз.






По средбата Вучиќ за српските медиуми во Париз изјави дека имал тричасовен разговор со Макрон и дека е задоволен од средбата на која разговарале за „сите стратешки прашања“ што се очекуваат во наредниот период.

– Разговаравме за европскиот пат на Србија, дека можеме многу да направиме во следната година и тоа зависи од нас, но верувам дека расположението во Европската Унија ќе биде такво што Србија ќе може да го постигне тој напредок – рече Вучиќ.

Тој рече дека разговарале за сите билатерални прашања, заеднички инвестиции, инвестиции во Србија и за соработка во областа на вештачката интелигенција.

Вучиќ додаде дека Србија купува суперкомпјутер од Французите, кој ќе биде многу вреден и единствен од таков вид во Југоисточна Европа.

– На 15 декември, Србија ќе го потпише конечниот комерцијален договор за изградба на првата метро линија со француската компанија Алстом. За две и пол години ќе ја имаме првата метро линија… Белград конечно ќе добие метро – рече Вучиќ.

 

Претседателите разговарале и за воено-техничката соработка, како и за можноста хеликоптерите Ербас да се монтираат во Србија.

Вучиќ рече дека разговарале и за геополитичката ситуација и дека го информирал Макрон за моменталната состојба во врска со НИС и дека српската делегација денеска ќе има средби со Американците.

Поврзани содржини