СРБИЈА КУПУВА СУПЕРКОМПЈУТЕР ОД ФРАНЦИЈА Ќе развива вештачка интелигенција

За таа цел Франција ѝ одобри заем од 42,5 милиони евра, што претставува максимум 85% од вкупната вредност на договорот за извоз за проектот.

15

Србија зема заем од Франција за развој на компјутер со високи перформанси – суперкомпјутер и вештачка интелигенција. Како што е наведено во Предлог-законот поврзан со тој проект, државата ќе се задолжи за 42,5 милиони евра.

Комисијата на српскиот парламент за финансии, републичкиот буџет и контрола на трошењето на јавните средства го одобри усвојувањето на законот за потврдување на договорот меѓу владите на Србија и Франција за заемот. Тој ќе биде повлечен во две транши од 25 и 17 милиони евра, ќе го врати Србија во текот на следните 7,5 години со годишна каматна стапка од 3,75%.






Финансискиот протокол меѓу владите на Србија и Франција за соработка во областа на финансирањето на проектот за развој на високо-перформансни компјутери и вештачка интелигенција беше изготвен во Белград на 27 ноември 2025 година.

Како што е наведено во овој документ, финансиската поддршка на Франција претставува максимум 85% од вкупната вредност на договорот за извоз за проектот.

Комерцијалниот договор беше склучен со францускиот добавувач Bull SAS.

Во образложението на Предлог-законот поврзан со заемот, пишува дека проектот е дел од Националната платформа за вештачка интелигенција, како и од стратешките цели дефинирани со Стратегијата за развој на вештачката интелигенција во Србија за периодот 2020-2025 и 2025–2030 година.

Поврзани содржини