Србија изработи дрон – ќе гасне пожари, ќе спасува давеници, ќе доставува лекови (ВИДЕО)

Леталото „RV-20“, првиот српски дрон со носивост од 20 килограми и можност да биде во воздух 30 минути, беше претставен вчеравечер на коктелот одржан поради првиот роденден на Центарот за истражување на Пинк, „PR-DC“, во кој е всушност и дизајниран и изработен „RV-20“.

323

Србија го изработи првиот дрон проектиран од машински инжењери за воздухопловство, кој ќе може да изведува различни мисии, меѓу кои гасење пожари, спасување на давеници, пренос на лекови, храна, вода и слично, пренесува српскиот портал Ало.

Леталото „RV-20“, првиот српски дрон со носивост од 20 килограми и можност да биде во воздух 30 минути, беше претставен вчеравечер на коктелот одржан поради првиот роденден на Центарот за истражување на Пинк, „PR-DC“, во кој е всушност и дизајниран и изработен „RV-20“.






Водачот на овој проект, Милош Петрашиновиќ, објасни дека леталото може да лета и со далечински управувач, а на тој начин да ја заврши неговата мисија без пилот.

– Леталото „RV-20“ може да носи противпожарна опрема, дури и без пилот, автоматски од центарот на градот може да се достави вода, храна, лекови, сè што е важно во недостапните краишта, кога е потребно што побргу да се достават тие производи – вели Петрашиновиќ.

Леталото има можност да понесе 15 топки за гасење на пожар, додава Петрашиновиќ, а тоа е најновиот систем во кој се користат топки кои при високи температури се отвараат и го гаснат пожарот.

– Леталото може да испушти појас за спасување. Во една спасувачка мисија има цел ланец на луѓе, а некој од нив може да откаже. Со овој систем точно ја утврдуваме точката каде што е потребно да се испушти појасот за спасување, леталото полетува и појасот се испушта на одреденото место и покрај тоа може да ја извести и брзата помош – објаснува Петрашиновиќ.

Освен ова летало, на коктелот било свечено отворено и сериското производство на „RV-20“, а Петрашиновиќ изјави дека првите 10 дрона се наменети за носење на филмски камери.

Тој вели дека ваквите проекти во светот се реализират во рок од 5 години, а нивната компанија, „PR-DC“, која имала рок од 2 години, го завршила леталото за 9 месеци.

Компанијата „PR-DC“, која по зборовите на сопственикот на Пинк Медија Груп, Жељко Митровиќ, настанала од десетгодишното пријателство со семејството Петрашиновиќ, кои сите се инжењери, за една година успеала да изработи и произведе дрон кој има носивост од 1 килограм и летало со носивост од 100 килограми.

Поврзани содржини