СРБИЈА ИСПРАТИ 14 ЛЕКАРИ И 5 ВОЗИЛА ЗА ИТНА ПОМОШ Повредените ќе се згрижуваат во Нишката болница и во ВМА
Според информацијата, некои од повредените во Кочани ќе бидат згрижени во Воената болница во Ниш, а оние чија состојба бара посериозно лекување ќе бидат пренесени во Воената медицинска академија во Белград.
Министерството за одбрана и вооружените сили на Србија итно испратија 14 лекари и медицински персонал и 5 возила на итна помош за да им укажат помош на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, објави Еуроњуз Србија.
Според информацијата, некои од повредените во Кочани ќе бидат згрижени во Воената болница во Ниш, а оние чија состојба бара посериозно лекување ќе бидат пренесени во Воената медицинска академија во Белград.
Министерот за одбрана Братислав Гашиќ, кој претходно изрази сочувство за трагедијата во Кочани, рече дека припадниците на српската воено-медицинска служба ќе направат се за да им помогнат на повредените.
– Најмалку што можеме да направиме во оваа ситуација е да му пружиме помош на братскиот македонски народ и да се грижиме за младите кои се нашле во тој ужас. Нашите воени лекари ќе направат апсолутно се за да го зачуваат нивното здравје и што поскоро да ги вратат во семејствата, закрепнати – рече министерот Гашиќ.