Србија го враќа полицискиот час

Тој исто така најави и други рестриктивни мерки, односно од утре се забранува јавно собирање на повеќе од 5 лица.

528

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на вонредна прес-конференција го најави враќањето на полицискиот час, кое на почетокот ќе се однесува само за Белград.

Тој исто така најави и други рестриктивни мерки, односно од утре се забранува јавно собирање на повеќе од 5 лица.






– Денеска имаме најтежок ден. Тринаесет починати. Најсериозна е ситуацијата во Белград. Од утре има забрана на собири на повеќе од 5 лица. Од петок полициски час во Белград – најави Вучиќ.

Тој истакна дека Србија ќе излезе како победник од оваа ситуација, и дека први ќе ја подигнат економијата и први ќе излезат од кризата

Поврзани содржини