СРБИЈА ГО ЧЕСТИТА УСПЕХОТ НА ТРАМП Вучиќ повикува на засилено партнерство со новиот претседател на САД

Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа. Заедно се соочуваме со сериозните предизвици кои претстојат. Србија е посветена на соработката со САД за стабилност, просперитет и мир“, напиша Вучиќ

175

Доналд Трамп прогласи победа на американските избори во 2024 година. Иако сè уште не го собра потребниот број електорски гласови, тој создаде недостижна разлика во однос на демократската кандидатка Камала Харис, победувајќи во клучните држави.

На неговата адреса веќе почнаа да пристигнуваат честитки. Заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше еден од најголемите сојузници на Трамп во Европа за време на претходниот мандат на Трамп, честитка испрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.






„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа. Заедно се соочуваме со сериозните предизвици кои претстојат. Србија е посветена на соработката со САД за стабилност, просперитет и мир“, напиша Вучиќ на Фејсбук приложувајќи фотографија од последната средба со Трамп во Белата куќа.

Поврзани содржини