Србија ги отвора границите на 1 јуни со четири земји меѓу кои и Македонија
Целосно ќе биде либерализирано движењето со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора, вели изворот на „Блиц“.
Србија ќе ги отвори границите за проток на луѓе целосно од 1 јуни, но со четири околни земји, објави „Блиц“ според нивни извори.
Целосно ќе биде либерализирано движењето со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора, вели изворот на „Блиц“.
Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не беше во фокусот на коронавирусот.
Истата е донесена и поради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои ќе кружат меѓу трите држави.