Србија ги одложува изборите поради коронавирусот?
Слободан Орловиќ професор од Правниот факултет во Нови Сад вели дека епидемијата на вирусот Ковид-19 дава можност за одложување избори доколку се воведе вонредна состојба во државата со одлука на Народното собрание поради заразна болест што загрозува животи на граѓаните.
Можност за одлагање на изборите во Србија би се отворила доколку поради ширење на вирусот би биле прогласени епидемија и вонредна состојба, објавија белградски медиуми.
Во таков случај, објави Блиц, гласањето би било одложено со одлука за суспензија на избирачкото право. Тоа би почнало од денот на воведување вонредна состојба и тоа најмногу двапати по 90 денови.
Весникот го цитира Слободан Орловиќ професор од Правниот факултет во Нови Сад кој вели дека епидемијата на вирусот Ковид-19 дава можност за одложување избори доколку се воведе вонредна состојба во државата со одлука на Народното собрание поради заразна болест што загрозува животи на граѓаните.
Изборите треба да се одржат на 26 април.