СРБИЈА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ВОЕНИ ДРОНОВИ Најавено отворање на голема фабрика

Со гордост можам да истакнам дека ќе станува збор за високософистицирани дронови - рече Вучиќ.

110

Кон крајот на март или почетокот на април во Србија ќе биде отворена голема фабрика за беспилотни летала. Тоа денеска го најави српскиот претседател Александар Вучиќ, на поставувањето камен-темелник за изградба на новата зграда на Министерството за одбрана и Генералштабот на српските вооружени сили, во касарната „Бањица“ во Белград.

Тој истакна дека во фабриката ќе се произведуваат високософистицирани дронови.






– Вложуваме многу…Кон крајот на март, најдоцна до почетокот на април, очекувам отворање на првата голема фабрика за беспилотни летала во нашата земја, и со гордост можам да истакнам дека ќе станува збор за високософистицирани дронови – рече Вучиќ.

Тој додаде дека не станува збор за „дронот ’Комарец 1’, со кој вообичаено сме задоволни, ниту за ’Комарец 2’, туку за високософистицирани дронови што ќе се произведуваат со голема странска сила“.

Вучиќ најави дека ќе бидат изградени објекти за српската армија со површина од 50.000 квадратни метри и завршени за три години – до крајот на 2028 година.

Поврзани содржини