СРБИЈА Е ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ Кон бара 10 дена да работат само продавниците за храна, лекови и гориво
Медицинскиот дел од кризниот штаб инсистира одлуката за продолжување на одморот на учениците, за која се договориле, да се донесе истовремено со ограничувањето во однос на намалување на контактите надвор од училиштата.
Српскиот епидемиолог Предраг Кон денеска најавува дека Кризниот штаб би можел да донесе одлука за десетдневно затворање со цел да се намали бројот на заразени од коронавирус. Српските медиуми пишуваат дека се размислува за продолжување на есенскиот одмор на учениците, но посочуваат дека тоа би имало поголем ефект ако се воведе да важи 24-часовната пропусница за ковид.
– На тоа инсистираме, бидејќи само така може да се забележи сериозен пад на бројот на новозаразени – вели Кон.
Тој наведува дека Медицинскиот дел од кризниот штаб инсистира одлуката за продолжување на одморот, за која се договориле, да се донесе истовремено со ограничувањето во однос на намалување на контактите надвор од училиштата.
Утврдивме дека вирусот првенствено се внесува во училиштата, се враќа, но потребно е потоа да се намали зачестеноста на контактите надвор од училиштето, вели Кон.
-Тоа го баравме од почеток – 10 дена затворање во смисла на скратување на работното време и објектите да работат само за храна, лекови и гориво – додаде тој.
Тој смета дека токму сега е време за тоа, како и за воведување на пропусниците за ковид 24 часа на ден.
– Во овој момент, самата мерка за затворање на училиштето можеби ќе даде некаков резултат, но ќе биде далеку понеефикасна и видлива без сите мерки заедно – објаснува Кон.
Доколку се продолжи одморот и не се воведе ограничено работно време, тоа ќе доведе до бројни патувања, смета српскиот епидемиолог.