СРБИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА Ѝ ПОМОГНЕ СО ГАС НА МАКЕДОНИЈА? Српските бизнисмени гледаат позитивно на најавите на Вучиќ
Небојша Атанацковиќ, бизнисмен и претседател на српската унија на работодавачи, вели дека тоа е придобивка од иницијативата Отворен Балкан.
Српските стопанственици позитивно ја оценуваат најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија ќе ѝ даде гас на Македонија во текот на зимата, вели за Телма, Небојша Атанацковиќ, бизнисмен и претседател на српската унија на работодавачи вели дека тоа е придобивка од иницијативата Отворен Балкан.
Вчера српскиот претседател потврди дека ќе ја помогне Македонија со гас за централата ТЕ-ТО.
– Ги решаваме проблеми и со Македонците затоа што имаат гасна станица што може да произведува струја на гас, па да им дадеме гас. Тоа се 5-7 отсто од зимската потрошувачка на струја – додал тој.
– Чекаме да нѐ известат дали ќе дозволат 100 мегавати струја низ системот. Ова е навистина важна работа бидејќи дополнително би обезбедиле енергија (струја) за нашите граѓани – посочил Вучиќ.
Според него, во Европа, Германија „ќе оди во рајот во однос на другите“.