Србија доби на подарок 600 милиони евра за железница од Белград до Ниш

Во моментов се прави проценка на вредноста на железничкиот Коридор 10 на делот од Ниш и Брестовац до Прешево и до Северна Македонија.

2,566

Српската премеирка Ана Брнабиќ при денешната посетата на Јужна Србија и Пчинскиот округ, говорејќи за развојните проекти во инфраструктурата што треба да се реализираат во наредниот период, изјави дека најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 кој ќе се гради со партнерите од ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тој воедно ќе биде и најголемиот инфраструктурен проект на Европската Унија во овој дел на Европа. Тука преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан само за делницата од Белград до Ниш ќе добиеме 600 или 700 милиони евра неповратни средства што се подарени пари – изјави Брнабиќ.






Таа додаде дека во моментов се прави проценка на вредноста на железничкиот Коридор 10 на делот од Ниш и Брестовац до Прешево и до Северна Македонија, потенцирајќи дека ова ќе биде најголем инфраструктурен проект во наредниот период.

Поврзани содржини