СРБИЈА ЧУВА 41 ТОН ЗЛАТО, МАКЕДОНИЈА 7 Од бившите ју-републики најмалку имаат Хрватска и Босна и Херцеговина

САД имаат најмногу резерви на злато, повеќе од осум илјади тони.

347

Според официјалните податоци, од земјите од поранешна Југославија, Србија чува најмногу, дури 41 тони злато, по што следуваат Северна Македонија со седум тони, Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони, објави хрватскиот RTL.

Ако чувате злато во кутија за темните денови, можеби сега е време да го продадете, бидејќи златото никогаш не вредело повеќе. Можеби вреди да се почека малку подолго, бидејќи аналитичарите велат дека неговата цена ќе продолжи да расте, објави хрватскиот медиум.






Земјите порано ја заштитуваа својата економија со злато, акумулирајќи резерви на злато низ годините.

Според податоците, САД имаат најмногу резерви на злато, повеќе од осум илјади тони. Втора е Германија со 3.500 тони, Италија со 2.500 тони, приближно исто како и Франција, петта е Русија со околу 2.330 тони.

Поврзани содржини