СРБИЈА ЈА КРЕВА РАМПАТА ЗА ИЗВОЗ НА ПЧЕНИЦА Николовски тврди дека увозот може да почне по 13 часот
Српските комори велат дека станува збор за 100.000 тони пченица наменети за нашите компании, а ние имавме пуштено барање за 50.000 тони, информира Николовски.
Во 13 часот денеска српската влада треба да ја донесе одлуката за тргање на забраната за извоз на пченица во земјава.
Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на брифинг со новинарите, тој веќе контактирал со надлежните од Србија. Веднаш штом биде крената „рампата“, увозот може да почне.
– Српските комори велат дека станува збор за 100.000 тони пченица наменети за нашите компании, а ние имавме пуштено барање за 50.000 тони – информира министерот Николовски.