СРАМОТА, ТОА НЕ ГО ПРАВЕЛА НИТУ ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА Сестрите Кардашијан со постапката ја налутија јавноста (ВИДЕО)
Сестрите Ким и Клои Кардашијан го посетиле Дизниленд, а со своето однесување предизвикале гнев кај луѓето.
Сестрите Кардашијан, Ким и Клои го посетија забавниот парк Дизниленд каде побарале посебен третман како познати личности и на тој начин предизвикале гнев во јавноста.
„Кога Кардашијан го прекинуваат редот, возат сами и нѐ тераат обичните луѓе да чекаме и да ги гледаме… Типично“, напишала тиктокерката Рејчел во видеото на кое се гледа како само сестрите со своите деца се возат во рингишпилот со шолји за чај.
И самите сестри Кардашијан го споделија видеото од Дизниленд на социјалните мрежи, па очигледно е дека не гледаат ништо лошо во своите постапки.
View this post on Instagram
„Ова не го направела ниту принцезата Дајана…“, гласеше еден од коментарите под видеото, додека друг корисник напиша дека дури и контроверзната раперка Карди Би некогаш уживала во истото возење, но заедно со другите посетители, освен што имала телохранител со себе и ќерката.
Исто така, еден корисник на оваа социјална мрежа прашал „како не им е срам?“
Тој ден, наводно, сестрите го прославиле роденденот на единствената ќерка на Клои, Тру, а за забавата биле издвоени околу 3.000 долари.