СРАМНО Е ШТО СДСМ Е ПРОТИВ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Прашајте си ја Данела Арсовска зошто Скопје нема бесплатен превоз, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

„Срамно е што се против покачување на пензиите на пензионерите кои ги дотераа на питачки стап. Од друга страна, зошто во Скопје нема бесплатен превоз за тоа најдобро нека си ја прашаат Арсовска, на која, заедно со Левица и ДУИ и ги гласаат сите програми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

311

Од една страна СДСМ не ги крева пензиите, а од друга страна е против кога ВМРО-ДПМНЕ ќе најави дека ќе ги покачи, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Срамно е што се против покачување на пензиите на пензионерите кои ги дотераа на питачки стап. Од друга страна, зошто во Скопје нема бесплатен превоз за тоа најдобро нека си ја прашаат Арсовска, на која, заедно со Левица и ДУИ и ги гласаат сите програми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Претходно, СДСМ објави соопштение со наслов: Колку што во Скопје има бесплатен превоз, толку и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачи пензиите.

„ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 2 години покажа како ја практикува власта во Град Скопје и во 40-тина општини низ државата, со нула резултати и бесконечни листи нереализирани ветувања. Јавноста одамна ги прочита нивните лаги“, соопшти СДСМ.

Поврзани содржини