СРАМНА ПРЕСУДА ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Петрушевски вели дека судот одлучил согласно волјата на Филипче и на Ахмети

Сега мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за Модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда, повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски попладнево пред Основниот Кривичен суд во Скопје.

236

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на пресудата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, барајќи целосна одговорност од надлежните институции.

– Ова се ниски, срамни, далеку од правото, посебно од правдата казни за случајот во кој изгореа 14 лица, а се случи во септември 2021 година во Тетово. По ваква пресуда, ни останува само едно, да ги повикаме надлежните, а воедно и да најавиме што е до нас, итни и неодложни реформи во правосудниот систем – изјави тој попладнево пред Основниот Кривичен суд во Скопје.






Според него, секој што учествувал во изградбата, надзорот и управувањето со модуларната болница мора да понесе одговорност.

– Сега мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за Модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда – дополни Петрушевски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секаков израз на незадоволство од пресудата.

Тетовскиот Основен суд денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе го загубија животот. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Поврзани содржини