Срамна изјава на Лидија Вукичевиќ за случајот Штајнфелд-Лечиќ: Како мене никој не ме силуваше?

1,555

Случајот со српската актерка Даниела Штајнфелд, која го обвини својот колега Бранислав Лечиќ за силување, ја разбранува балканската јавност, а свој несоодветен и крајно скандалозен коментар даде и српската актерка Лидија Вукичевиќ.

Зборувајќи за случајот Штајнфелд-Лечиќ, Лидија рекла: „Како тоа мене никој не ме силувал во текот на 30 години кариера“.






„Се прашувам како тоа мене никој не ме силуваше. Еве, јас сум на сцената веќе околу 30 години, не сум ниту грда, ниту ваква ниту таква. Бев една од најпопуларните актерки во стара Југославија. Не велам дека мажите не ми се наметнуваа на тој начин, но никој не ме силувал, сите беа разумни и го сфатија моето одбивање“, рекла актерката.

Нејзината скандалозна изјава, во која нема ниту трошка емпатија и сочувство, и која е длабоко погрешна и опасна, предизвика, како што се очекуваше, лавина негативни коментари на социјалните мрежи.

Српската јавност повикува на нејзино „откажување“, алудирајќи на тоа дека Лидија Вукичевиќ треба да биде жртва на „откажана култура“, односно да биде „откажана“ поради нејзините несоодветни ставови.

Луѓето се потсмевале и на нејзината изјава дека има „30 години кариера“, имајќи предвид дека таа е позната само по улогата во серијата „Подобар живот“.

„Кога прочитав дека Лидија Вукичевиќ има 30 години кариера“, напишал еден корисник на Твитер, споделувајќи наслов од еден весник на кој пишува „На боледување беше 35 години“.

 

ФОТО: Фејсбук

 

 

Поврзани содржини