СРЃАН ТОДОРОВИЌ СВИРИ НА УЛИЦА ЗА ПАРИ Се стиснал за 20 динари (ФОТО)
Српскиот актер е оригинален во сѐ што прави. Па така, и овој пат ги воодушевил своите обожаватели.
Актерот Срѓан Жика Тодоровиќ се труди секогаш да им го разубавува денот на своите следбеници на социјалните мрежи, било со фотографии од минатото или со некои од сегашноста, но секогаш го привлекува вниманието на јавноста.
Овој пат во една објава објави три фотографии, а на првата седи на улица со капа пред него и гитара во рацете, а во стрип-облакот пишува: „Дај некој динар, братче“ (Daj neku kintu bato). Многу негови следбеници не биле изненадени бидејќи српскиот актер има силна музичка позадина, а оние малку повозрасните паметат и дека свиреше на тапани во култната српска група ЕКВ.
„Уличен музичар“, се вели во описот на фотографијата.
На втората фотографија се гледа нечија рака во кадар додека става 20 динари во капата, а овој пат во стрип-облакот, и тоа во оној што означува внатрешни мисли, Жика го помислил ова: „Ама се стиснал овој за 20 динари“.
На крајот, во уште еден облак е откриено дека Жика ја свири песната „Црна пеперутка“ од групата „Ју“.
Секако, коментарите не изостанале и сите биле воодушевени од фотографиите.
„Следниот пат тапани и стапчиња, како некогаш, најсилно“, „Каков крал е тој“, „Во моментот го гледам „Ќе се вратат штрковите“ и умирам од смеење… Дуле легенда“… се редат коментарите под фотографиите на Срѓан.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм