СРЃАН ПАК ЌЕ БИДЕ СОСЛУШАН ЗА ДАНКА Судот има дополнителни прашања за осомничениот

Рочиштето на Срѓан Јанковиќ е закажано за 19 јуни 2024 година, во 10 часот, според соопштението на Вишото јавно обвинителство во Заечар.

323

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар, утре во 10 часот повторно ќе биде сослушан Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, објави српски Телеграф.

Повод за повторното рочиште се дополнителни прашања од обвинителот.






Срѓан Јанковиќ претходно беше сослушан во Обвинителството на почетокот на јуни кога ја негираше вината, а првиот пат, по апсењето, се бранеше молчејќи, односно го искористи законското право да не изнесува одбрана.

„Рочиштето на Срѓан Јанковиќ е закажано за 19 јуни 2024 година, во 10 часот“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Второобвинетиот Дејан Драгијевиќ го призна убиството.

Двајцата се во притвор, а таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото, според законот во Србија, притворот не може да трае подолго од 2 месеца.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор.

Поврзани содржини