„Спутник В“ официјално одбиена од Брисел, ама…

Функционер на ЕУ кој учествува во преговорите за набавка на вакцини од фармацевтските компании, изјавил дека владата на државите членки на ЕУ разгледуваат да почнат преговори со произведувачите на „Спутник В“ на барање на четири земји членки и да почне процесот на преговори.

5,542

ЕУ официјално ја одби вакцината „Спутник В“ и ја прогласи за непожелна, но зад очите на јавноста функционерите се вртат кон вакцината, дознава Ројтерс.

Брисел мора да спроведе имунизација на 450 милиони граѓани на ЕУ и да го врати животот во нормални текови, поради што на Унијата и е намален маневарскиот простор.






Функционер на ЕУ кој учествува во преговорите за набавка на вакцини од фармацевтските компании, изјавил дека владата на државите членки на ЕУ разгледуваат да почнат преговори со произведувачите на „Спутник В“ на барање на четири земји членки и да почне процесот на преговори.

Станува збор за Унгарија и Словачка кои веќе набавиле руски вакцини. Чешка која изразила заинтересираност, а европски функционери потврдиле и дека Италија планира да почне производство на „Спутник В“ во својот најголем биореактор во компанијата ReiThera , во нлизина на Рим.

Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири произведувачи, но имунизацијата во Европа е бавна поради пропусти во производствениот процес.

Доколку „Спутник В“ биде одобрена во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија која години наназад е на удар на трговски санкции од Брисел поради анектирањето на Крим и поддршката на проруските сепаратисти на истокот на Украина, пишува Ројтерс.

Поврзани содржини