„Спутник“ пристигнува во Македонија! Заев дал насоки за нарачка на вакцината

Воспоставени се контакти се со цел процесот на вакцинирање да не прекине и да продолжи во предвидената динамика - вели Заев.

2,993

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција посочи дека дадени се насоки за да се нарачаат вакцини од руската „Спутник V“.

– Дали би нарачале од „Спутник“? Да, дадов насоки како што не информираа дека има капацитет за дополнителни 100.000 да се направи од таму нарачка – истакна Заев.






Тој додава дека направени се нарачки и договори со се што „постои од вакцини“.

– Воспоставени се контакти се со цел процесот на вакцинирање да не прекине и да продолжи во предвидената динамика – вели Заев.

Поврзани содржини