СПРЕМАЈТЕ ГИ ЧАДОРИТЕ Какво време нѐ очекува во следните 3 дена?

„По котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб ветер од северен правец“, наведено е во соопштението.

411

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне и во текот на ноќта во јужните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, информираше УХМР.

„По котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб ветер од северен правец“, наведено е во соопштението.






Прогноза за 13.11.2024

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Прогноза за 14.11.2024

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 15.11.2024

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Поврзани содржини