НАПАДНАЛЕ СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ Уапсени 5 лица во Врапчиште

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

283

Вчера во 15.40 часот во с. Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ПО Галате ги лишиле од слобода Ѓ.М.(61), Е.М.(30), М.М.(35), Џ.М.(56) и Н.М.(61) сите од с.Врапчиште, кои во 15.00 часот во ОВР Гостивар, биле пријавени од Б.И.(41) судија во Основен суд Гостивар, дека истите во Врапчиште спречувале судски службеници во извршување на службени дејствија и задачи, при што и физички ги нападнале.

„Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок“, велат од СВР Тетово.

Поврзани содржини