СПРЕЧУВАЛ НОВИНАРКА ДА ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ НА ЈАВЕН НАСТАН Кривична пријава против жител на Пробиштип
Новинарката А.П., која била службено ангажирана од медиум, била оневозможена да му постави прашања на заменик-министер кој присуствувал на настанот.
Кривична пријава е поднесена против 48-годишен жител на Пробиштип, кој се сомничи дека спречил новинарка да ја извршува својата работа за време на јавен настан.
Инцидентот се случил на 28 октомври, по завршувањето на настан организиран од Здружението на пензионери, одржан во Пензионерскиот дом во Пробиштип. Според пријавата, мажот ѝ попречил на новинарката А.П., која била службено ангажирана од медиум, да постави прашања на заменик-министер што присуствувал на настанот.
Случајот го обработува Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Пробиштип, а против осомничениот е поднесена пријава за спречување службено лице во вршење службено дејствие.