СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА 15 СВИЊИ Ги купил без документи, па сега животните ќе бидат уништени
Од МВР додаваат дека претставниците од АХВ ги одземале свињите и ќе бидат уништени, додека против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата од станицата за безбедност на патниот сообраќај вчера околу 18:40 часот пронајде 15 свињи, при контрола на товарно возило на автопатот Штип-Миладиновци.
– Во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, извршена е контрола во товарно возило „Фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(46) од село Црешево. При контролата, во возилото биле пронајдени 15 свињи, кои ги купил од лице од село Крупиште, општина Карбинци, а за кои не поседувал документација за потекло и здравствена состојба, што е спротивно на протоколите и решението на Агенцијата за храна и ветеринарство за спречување на ширење на заразната болест кај свињите позната како африканска чума – велат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека претставниците од АХВ ги одземале свињите и ќе бидат уништени, додека против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.