СПРЕЧЕН НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА Уапсени тројца странски терористи кои подготвувале експлозија во областа Ставропол
Обидот за нов напад во Русија се случува една недела по нападот во концертна сала во предградие на Москва, каде што беа убиени најмалку 144 луѓе.
Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила тројца „граѓани на централноазиска земја“ кои планирале бомбашки напад на југот на Русија.
ФСБ соопшти дека ги спречила „активностите на тројца државјани на централноазиска земја кои планирале да извршат терористички напад со активирање експлозивна направа на јавно место во областа Ставропол“.
Обидот за нов напад во Русија се случува една недела по нападот во концертна сала во предградие на Москва, каде што беа убиени најмалку 144 луѓе. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава.