Спреј кој ги штити површините од ковид-19 до 90 дена (ВИДЕО)

Научници од Хонг Конг развиле антивирусна обвивка која би можела да ги заштити површините 90 дена од коронавирусот.

660

Продажбата на спрејот кој ги штити површините од вирусот ковид-19 започнала во Хонг Конг по цена од околу осум евра, јавува британски „SkyNews“.

На научниците од Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг (HKUST) им требало 10 години да ја развијат оваа обвивка наречена „МАР-1“.






Според нивните зборови, оваа супстанца може да се распрска по површините на јавните места, како што се кваките и лифтовите, а прави заштита од коронавирусот.

фото: Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг (HKUST)

– Овие места често се допираат и на тој начин стануваат многу ефикасни преносители на болеста – изјави професорот Џозеф Кван, еден од главните истражувачи од „HKUST“.

– Спрејот е направен од милиони нано-капсули со дезинфекциски средства кои остануваат ефикасни во уништување на бактериите, вирусите и спорите дури и откако ќе се исуши, рече професорот Кван.

Тој вели дека ефикасноста на „МАР-1“ е зголемена со полимери чувствителни на топло, кои се распаѓаат при допир со луѓето и ослободуваат дезинфекциски средства – за разлика од вообичаените средства за дезинфекција како што се белило или алкохол.

Спрејот исто така е нетоксичен и безбеден за кожа и околина, тврдат истражувачите.

Тој е одоборен за службена и масовна употреба уште во февруари, по клинички испитувања во болница во Хонг Конг.

Hong Kong researchers invent antiviral "coating"

Researchers at a Hong Kong university say they have developed an antiviral coating that could provide 'significant' protection against bacteria and viruses such as the one causing COVID-19 https://reut.rs/3bCltst

Reuters 发布于 2020年4月27日周一

Поврзани содржини