Спрдачината на Оливер Спасовски

Вакво дупење у здрав мозок нигде нема!

2,059

Прочитајте ја оваа спрдачина на Министерот за внатрешни:

„Има ли нешто поценето од здравјето и животот на граѓаните? Дали во моментите кога се носат вакви одлуки не мислите на починатите лица од ковид-19? Дали кога седиме во кафеани, ресторани, правење на домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност од ширење на вирусот? Одлуките кои мора да ги донесеме никој не ги посакува. Но, тие се резултат на нашето однесување. Ако не почитуваме, не носиме заштитна опрема, се групираме, правиме настани кои со сигурност значат ширење на вирусот, државата мора да реагира.”






Додека беше технички премиер, дозволи собирање и групирање за верски обреди и празници.

Потоа и сам се зарази кога славеа 1000 години Бигорски, за што се создадоа огромни гужви.

После организираа и избори, па избор на градоначалник во Штип, после што масовно се групираа и славеа.

Па следуваше срамното ажурирање на членството, каде влегуваа во домови на луѓе, особено на постари лица и се сликаа за ПР.

Секојдневно имаат глупи ПР собиранки кои не значат ништо и кои се постојан ризик за ширење на вирусот.

И сега, на сè тоа, сакаат и попис.

Притоа, во единствената работа која може да помогне, односно, снабдувањето со вакцини, се покажаа како неспособни и неажурни.

Е па вакво дупење у здрав мозок нигде нема!

(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини