Обложувалниците „Sport Life“ заедно со автомат клубовите „Sportlife Gaming“ во изминативе месеци остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата.
– Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите нивоа – велат од компанијата.
Ова се дел од преземените активности: спонзорство за набавка на спортска опрема за сезона 2023/2024 за Ракометен клуб „Партизан“ – Гевгелија, донација за потребите за сезона 2023/2024 за Ракометен клуб „Охрид“, повеќегодишна соработка и поддршка на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“, поддршка на хуманитарниот турнир во кошарка „Мирослав Статиев Миро“ 3х3 во општина Ѓорче Петров, турнир во табла во Галичник…
Од проектите со хуманитарен карактер, оваа година реализирана е донација за потребите на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ за настанот „Шарено лето 2023 – Запознај ја Македонија“ преку кој децата од социјално ранливите категории и децата без родители од целата држава имаа можност за прв пат да отидат на летен одмор и да ги посетат убавите туристички места во Македонија.
Остварена е соработка со општините Кочани и Македонски Брод преку донација за поддршка на традиционалните манифестации – „Оризијада“ во Кочани и „Костенијада“ во Македонски Брод.
– Ова се само дел од проектите. Стратегијата за корпоративна и општествена одговорност ни овозможува како компанија да креираме и поддржуваме и подолгорочни проекти од општествен и хуманитарен карактер, на кои им се посветуваме и со кои традиционално соработуваме – додаваат од „Спортлајф“.