📷 СПОРТСКАТА ПРИКАЗНА НА ФК ВАРДАР И НОВОМАТИК ПРОДОЛЖУВА И следната сезона компанијата останува генерален спонзор на клубот

Наша заедничка цел останува да придонесеме во градењето на силен спортски колектив кој ќе биде предводник на новата ера успеси на македонскиот спорт, изјави на прес-конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.

168

Фудбалскиот тим Вардар и во следната сезона ќе биде финансиски поддржан од својот генерален спонзор Новоматик Македонија, со нов договор вреден 1 милион евра. Вака беше истакнато на свеченоста по повод потпишувањето на договорот и средба на новинарите со менаџментот на корпорацијата Новоматик и со членови на клубот.

На настанот, на кој присуствуваше и капитенот на Вардар и неколку ѕвезди од клубот беше официјализирано продолжувањето на договорот на една година.






– Денеска, заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме дека спортската бајка продолжува! И во следната фудбалска сезона Новоматик Македонија и ФК Вардар го продолжуваат договорот за генерално спонзорство во вкупна вредност од дополнителни 1 милион евра. Наша заедничка цел останува да придонесеме во градењето на силен спортски колектив кој ќе биде предводник на новата ера успеси на македонскиот спорт – изјави на прес-конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.

 

Фото: Новоматик Македонија

На прашања од новинарите Пенчиќ го истакна неодамнешниот успех на Вардар кој го освои Купот во сезоната 2024–25  со што се квалификуваше за прво квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига сезона 2025/26.

Фудбалските ѕвезди на Вардар присутни на настанот го потпишаа дресот на Вардар на кој стои натпис „Новоматик“.

Капитенот на Вардар Горан Закариќ, од име на клубот, играчите и стручниот тим ја поздрави одлуката на Новоматик Македонија нагласувајќи дека поддршка на компанијата претставува и директна поддршка на заложбите за здрава и просперитетна младина.

– Младите секогаш гледаат пример во професионалните спортисти и се идентификуваат со нивните индивидуални и колективни спортски успеси. Затоа, секоја компанија која инвестира во спортот, всушност инвестира во здрава и просперитетна младина. Импресивни се заложбите на Новоматик. Македонија да го поддржи плановите на спортскиот колектив и актуелниот клупски менаџмент за обнова на спортското реноме на ФК Вардар. Како капитен сакам да ја уверам јавноста дека сите фудбалери продолжуваат да го даваат својот максимум за да ги оправдаат очекувањата – истакна Закариќ, потсетувајќи дека Вардар, од своето основање пред 78 години, е синоним за фудбалската традиција во регионот и дека соработката со Новоматик е за многу нови успеси.

Фото: Новоматик Македонија

Новоматик Македонија од пред 3 месеци е спонзор и на Фудбалската Федерација на Македонија.

„Само во македонскиот фудбал Новоматик Македонија во период од 2 години спонзорски вложува повеќе од 3 милиони евра. Дополнително, како светски лидери во индустријата игри на среќа оваа корпорација е спонзор и на ракометниот клуб Вардар, кошаркарскиот клуб МЗТ и фудбалскиот клуб Кожув“, порачуваат од компанијата.

Поврзани содржини