📷 СПОРТСКА ФОТОГРАФИЈА ВРЕДНА 1.000 ЗБОРОВИ Овековечен мигот кога Јасмин Паолини ѕирка низ рекетот

Милиони гледачи на интернет ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а најчесто се повторуваше фразата: „Една во милион фотографии“. Некои дури ја споредија фотката со оптичка илузија.

485

Италијанскиот фотограф Реј Губило го овековечил неверојатен момент во светот на тенисот – лице што изгледа како да носи маска направена од сопствениот рекет. Снимена на Отвореното првенство на САД, фотографијата ја прикажува италијанската тенисерка Јасмин Паолини во миг кога нејзиниот рекет совршено ги следи контурите од лицето.

„Шансите да се фати ваков кадар се речиси нула“, напиша Губило на својот профил на Инстаграм, додавајќи дека станува збор за „една од најчудесните фотографии што ги направил во кариерата“.

 






Милиони гледачи на интернет ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а најчесто се повторуваше фразата: „Една во милион фотографии“. Некои дури ја споредија фотката со оптичка илузија.

„Гледате лице, па потоа рекет, па пак лице. Ова не е само фотографија, ова е оптичка игра“, напишал еден корисник на социјалната мрежа Икс.

„Не се работи само за спортски кадар, туку за уметност која настанала во една милисекунда“, пишува во соопштението на Американската тениска асоцијација.

Поврзани содржини