СПОРТИСТ, УБАВИЦА, ГРИЖЛИВА МАЈКА И ПРИЈАТЕЛКА Почина Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд

Ивана е родена во Чехословачка, а се омажила за Трамп во 1977 година. Тие беа во брак до 1992 година.

1,430

Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството.

Таа беше првата сопруга на Доналд, со кого заедно имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.






„Нашата мајка беше неверојатна жена. Силна во работа, спортист од светска класа, прекрасна убавица и грижлива мајка и пријателка“, се вели во соопштението на семејството Трамп.

„Таа побегна од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на решителност и цврстина, сочувство и одлучност“, велат од семејството.

Ивана е родена во Чехословачка, а се омажила за Трамп во 1977 година. Тие беа во брак до 1992 година.

Поврзани содржини