СПОРЕД СООБРАЌАЈНИОТ ЕКСПЕРТ РУСИНОВА Можно е возачот да не ја видел ознаката на патот (ВИДЕО)
На фотографиите со дронот јасно се гледа како тој се обидел да излезе од областа и да го стабилизира автобусот. Потоа следел удар во заштитната ограда, вели Русинова.
Експертот за сообраќај, Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики, оценува дека задолжително треба да се провери состојбата на ознаките на патната делница на автопатот Струма, каде што рано утринава се случи несреќа на македонскиот автобус во која загинаа 46 лица, како и неколку километри наназад.
Според неа, од фотографиите направени од дрон, што ги анализираше за БТВ, сосема е можно знакот за островот да го немало или возачот да не го видел. На фотографиите со дронот јасно се гледа како тој се обидел да излезе од областа и да го стабилизира автобусот. Потоа следел удар во заштитната ограда, вели Русинова.
Од фотографијата на која е покажан знакот поставен на островот на коловозот, Русинова заклучува дека не бил правилно поставен, бидејќи бил поставен многу високо.
–Знакот треба да се постави ниско долу за да се покаже дека е таму долу, а треба да се провери и класата на светлосна рефлексија – заклучува Русинова.