СПОРЕД СДСМ, ШИЛЕГОВ ВОДИ ПРЕД АРСОВСКА Партијата очекува разлика од 10.000 гласа

Според првичните податоци од ДИК, Шилегов води во Сарај, Центар, Шуто Оризари и во Чаир, а Арсовска води во Гази Баба, Карпош, Аеродром и во Кисела Вода.

1,807

Петре Шилегов води во Скопје, според СДСМ, а партијата очекува дека тој ќе победи со 10.000 гласа разлика пред кандидатката Данела Арсовска.

Според првичните податоци од ДИК, Шилегов води во Сарај, Центар, Шуто Оризари и во Чаир, а Арсовска води во Гази Баба, Карпош, Аеродром и во Кисела Вода.






Од другите општини сѐ уште нема резултати.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ објави дека Данела е во благо водство пред Шилегов.

До 22:40 часот во системот на ДИК се обработени податоци од општините Сарај, Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и Гази Баба, кои покажуваат дека Шилегов има 37,59% од гласовите, додека Арсовска 34,15%, по што следи Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 5,66%, Перо Георгиевски од Левица – 4,85%, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,41% и Александар Тортевски од Твоја партија – 1,18%, додека останатите кандидати се под еден процент.

Поврзани содржини