СПОНЗОРСТВО ЗА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ПЕПЕРУТКИ“ Видеолотарија Касинос Австрија ќе го поддржи со 185.085 денари

Видеолотарија Касинос Австрија со голема радост соопштува за своето најново спонзорство, од кое најголема корист ќе имаат талентираните деца од Куманово, на кои музиката им е при срцето.

121

Видеолотарија Касинос Австрија ќе биде спонзор на Здружението на уметниците и музичарите ХА & ЕМ од Куманово, од кое најголема корист ќе имаат талентираните деца од Куманово, на кои музиката им е при срце.

Станува збор за финансиска поддршка од 185.085 денари, наменети за Здружението, со која ќе се овозможи одржувањето на 14. по ред традиционален детски фестивал „Пеперутки“, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во Куманово. Тоа ќе биде прекрасна можност за многу дечиња да го покажат својот талент, да се забавуваат и да му покажат на Куманово дека песната и детската насмевка се поистрајни од сите кризи на светот.






– Видеолотарија Касинос Австрија има чест што може да помогне и да придонесе за реализацијата на еден ваков настан, од областа на културата и музиката, кои се еднакво важен приоритет како и нашите активности насочени кон младите и спортот. Ова спонзорство е само едно поглавје од нашите општествено одговорни, корпоративни заложби за поддршка на културата и младите – велат од компанијата.

Поврзани содржини