СПОМЕНУВАЊЕ РОКОВИ, БЕЗ СУШТИНСКИ ПРОЦЕС Османи смета дека тоа не ни помага воопшто

Ова не е компензација, ниту алтернатива за нашето членство, туку е суштинска поддршка за процесот за трансформација на регионот. Тие 29 милијарди евра се за реализација на зелената агенда на регионот, рече министерот.

180

На денешната прес-конференција министерот за надворешни работи, Бујар Османи го коментираше одбивањето на словенечкиот предлог од страна на германската канцеларка Ангела Меркел. Словенија даде рок за земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ до 2030 година.

– Во 2018 година, Европската комисија на чело со Јункер излезе со рамка за 2025, како година во која би можеле членки на Унијата да станат Србија и Црна Гора. Тоа беше добро тогаш затоа што беше првпат после 2004, кога се даде рок за Бугарија и Романија до 2007 и после тоа ЕУ сметаше дека таквиот рок ги притиска за примање на нови членки, па се откажа до давање датуми. Очигледно е дека 2025 година е нереално за која било земја од Западен Балкан. Сметам дека ова спомнување на датуми, без да има суштински процес кој гарантира предвидливост, не ни помага во регионот. Нас ни помага одржување на кредибилитетот на процесот и тој се потпира на нашето досегашно досие – изјави Османи пред новинарите.






Во однос на економско-инвестицискиот план, Османи рече дека која било подготовка, трансформација на регионот без суштинска финансиска поддршка би била само блеф.

– Ова не е компензација, ниту алтернатива за нашето членство, туку е суштинска подршка за процесот за трансформација на регионот. Тие 29 милијарди евра се за реализација на зелената агенда на регионот, а тоа не се само климатските промени, туку тоа е начинот на живот, инфраструктура, зелена економија. Тоа се новите трендови, а токму тоа ЕУ се обидува да го помогне во Западниот Балкан – објасни министерот.

Поврзани содржини