СПОМЕНИК ЗА ЗАГИНАТИТЕ КАЈ ВЕЈЦЕ Министерката за одбрана поднесе иницијатива за спомен-обележје

261

Министерката за одбрана Славјaнка Петровска поднесе иницијатива за подигање спомен-обележје на загинатите во масакрот кај Вејце.

Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање спомен-обележје, објави министерката за одбрана Славјaнка Петровска на нејзиниот профил на Фејсбук.






„Овие настани не треба и не смее да нè разделуваат, напротив, тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат“, напиша министерката Петровска.

Поврзани содржини