СПОМЕНИК ЗА „ПЕТТИОТ БИТЛС“ Без менаџерот Брајан Епштајн Битлси немаше да бидат тоа што се
Лесно е да се слават луѓето кои се во центарот на вниманието. Многу е потешко да се слават оние кои се зад сцената - беше речено на отворањето на споменикот на Епшајн.
Статуа на Брајан Епштајн, менаџерот на Битлси, е откриена вчера во Ливерпул, опред голем број негови почитувачи. Скулптурата се наоѓа во близина на поранешната локација на неговата семејна продавница за плочи во Вајтчепел.
Епштајн стана шеф на Битлси откако ги виде како свират во клубот Каверн во Ливерпул во 1961 година. Тој е заслужен за нивните сценските изведби, за нивниот изглед и стил. Со откривањето на статуата беше одбележана 55-годишнината од смртта на Епштајн на 27 август 1967 година.
– Лесно е да се слават луѓето кои се во центарот на вниманието. Многу е потешко да се слават оние кои се зад сцената. Едноставно, чувствувам дека е навистина важно да се одбележат луѓето кои ги создадоа Битлси. Мислам дека Брајан не беше попусто наречен петтиот Битлс. Ние навистина немаше да бидеме тука и да ја имаме индустријата што ја имаме без него – рече Томи Калдербанк, од Проектот за наследство на Брајан Епштајн.
Епштајн, кој меѓу другите ги водеше и Сила Блек и Гери и Пејсмејкерс, почина на 32-годишна возраст поради случајно предозирање од седатив. Наскоро треба да биде овбјавен и филм за неговиот живот, насловен како „Midas Man“, со Еди Марсан и Емили Вотсон во главните улоги.