📽️ СПОКОЈ ЗА ГРАЃАНИТЕ, СТРАВ ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ Јанев со моќна порака дека Македонија ќе биде безбедна, никој нема да биде поштеден

Пораката е јасна. Нашата борба против криминалот е постојана и одлучна. Работиме максимално посветено на обезбедување на безбедноста и стабилноста на земјата“, објави Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

778

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев по последните акции на МВР, вели дека нема да дозволат Македонија да биде упориште на криминални групи.

Истакнува дека никој не е и нема да биде поштеден, а државата ќе биде вратена во рацете на граѓаните.






„Криминалот во Македонија не е исплатлив, спокојот на граѓаните е наша одговорност. Сузбиена е осумнаесетчлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во сериозен насилен криминал и недозволена трговија со оружје. Претресени се 24 лица на 30 локации, 28 во Скопје и две во Велес. Пораката е јасна. Нашата борба против криминалот е постојана и одлучна. Работиме максимално посветено на обезбедување на безбедноста и стабилноста на земјата“, објави Јанев.

Директорот посочува дека секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Поврзани содржини